Се очекува Мхитарјан утре против Евертон да го има својот прв натпревар како стартер за Арсенал. Тој веќе дебитираше откако влезе во игра на дуелот со Свонси. Ерменецот го одбра дресот со број седум.
Денеска Арсенал со твит потврди дека Мхитарјан во Премиерлигата ќе го носи дресот со бројот 7, а во Лига Европа 77.
Според правилата на УЕФА, не може двајца фудбалери од ист тим да носат ист број на дресот во текот на една сезона во европските натпреварувања. Во групната фаза од Лига Европа, Алексис Санчез го носеше дресот на Арсенал со бројот 7, па затоа Мхитарјан ќе го носи 77.
He’s our @premierleague No but, due to @UEFA rules, @HenrikhMkh will wear in the Europa League pic.twitter.com/mRkLuEiI9W
— Arsenal FC (@Arsenal) February 2, 2018