Тео Волкот во зимскиот
преоден рок се пресели во редовите на Евертон, а Оливие Жиру ги засили редовите
на Челси, откако и за обајцата немаше место во тимот на Арсенал.
Шефот на стручниот штаб
на тимот од Лондон, Арсен Венгер тврди дека ниту едниот, ниту пак другиот не
сакале да си заминат од клубот, причината за тоа е сосема очекувана, а таа е
потреба од повеќе натпревари и минутажа.
„Сите наши фанови знаат
дека Тео не си замина бидејќи имал некаков проблем со клубот. Тој сакаше да
игра повеќе и сакаше да си даде себе си шанса бидејќи тука не добиваше многу
шанса“ изјави Венгер.
„Речиси ист беше
случајот и со Оливие, тој си замина од клубот поради сличните причини како и
Тео, и двајцата беа тажни што си заминаа. Неговата професионална кариера имаше
потреба од преселба, но неговото срце сакаше да остане“ додаде францускиот
стратег.