Реал Мадрид во
Киев ќе се обиде да стигне до својата 13 титула во Лигата на шампионите, откако
синоќа по реваншот со Баерн Минхен влезе во финалната битка за одбрана на
европската титула.
Зинедин Зидан
смета дека германскиот тим одиграл одличен меч, го пофали својот напаѓач
Бензема кој ги постигна двата гола на неговата екипа, а за Навас истакна дека
го спасувал тимот во неколку ситуации.
„Тоа беше луд
натпревар, многу лошо го почнавме, рано примивме гол, дури во второто полувреме
застанавме на нозе и ја контролиравме играта. Баерн играше одлично, Лигата на
шампионите е такво натпреварување во кое на крајот една екипа мора да тагува,
за среќа, ние не бевме таа екипа. Лошо е по здравјето и по срцето да се мине
низ сево ова“ рече Зидан по мечот.
„Бензема беше
одличен, ги заслужи тие погодоци, секогаш сака да погоди. Што се однесува до
Навас, нема дилеми дека не спасуваше во неколку ситуации“ додаде францускиот
стратег.