Зидан се пожали: Противниците против нас секогаш го даваат максимумот

by
2 минути читање

„Кралевите“ ја
пропуштија првата „брејк топка“ дополнително да се одлепат на врвот на табелата
откако во средата загубија на гостувањето кај Валенсија.

Пред Реал Мадрид
сега е ново незгодно гостување и дуелот со Виљареал на Ел Мадригал.

Зборувајќи на
денешната прес конференција, Зинедин Зидан сугерира дека има потешкотии при
анализата на противниците и подготовките бидејќи тие против Реал Мадрид
секогаш се прикажуваат во друго светло.

„За нашите
ривали, дуелот со Реал Мадрид секогаш е натпреварот на годината
– вели Французинот.

„Понекогаш не го
гледам истиот ривал на теренот. Противникот кој го гледам на снимките од неговите
претходни натпревари не е ист оној противник на теренот против нас
.

„Но веројатно тоа
е нормално, секогаш имате екстра мотивација кога играте против Реал Мадрид
.

„Па мораме и ова
да го земеме во предвид
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани