Манчестер Јунајтед беше на прагот на пораз од Фулам, но Куња даде гол пред самиот крај на мечот и му донесе на гигантот 1-1.
Тимот на Мајкл Керик продолжува со разочарувачките партии оваа сезона во Премиер лигата, денеска за малку е избегнат пораз, но и ремито против Фулам не е резултат кој задоволува.
Фулам поведе во 63. минута кога Лисандро Мартинез си постигна автогол за водство на домаќините од 1-0.
Се чинеше дека така и ќе заврши овој меч, но Куња во 89. минута постигна гол за конечни 1-1.
Со овој бод Фулам е на 19. место со два освоени бодови, а интересно последен е Тотнем.