Зидан сака да се врати во Торино: Би сакал да го водам Јувентус!

by Стефан
1 минути читање

Зинедин Зидан не ја исклучува можноста во иднина да се врати во Торино, но овојпат во поинаква улога. Француската фудбалска легенда отворено призна дека би сакал еден ден да седне на тренерската клупа на Јувентус, клубот во чии редови остави длабока трага како играч.

Зидан го носеше дресот на „старата дама“ од 1996 до 2001 година, а очигледно убавите спомени од периодот поминат во Торино и понатаму се присутни.

„Би сакал еден ден да го водам Јувентус. Тоа би ме направило среќен, но во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Французинот.

Во пресрет на дуелот меѓу Италија и Франција, Зидан се осврна и на квалитетите на противникот, потенцирајќи дека италијанската репрезентација е особено опасна кога успева да го наметне својот стил на игра.

„Знаеме дека Италија може да одигра одличен натпревар кога ќе го посака тоа. Особено кога е во дефанзивна фаза“, истакна тој.

Францускиот стратег потврди дека Килијан Мбапе нема да биде во составот за овој натпревар. Напаѓачот почувствувал болка, па стручниот штаб одлучил да не ризикува со неговото здравје.

„Почувствува одредена болка и генерално се обидуваме да избегнеме каков било ризик со фудбалерите. Се надевам дека ќе биде подготвен за недела и дуелот против Турција“, порача Зидан.

Натпреварот меѓу Италија и Франција, кој директно ќе одлучува за првото место во групата А од елитната дивизија на Лигата на нации, е закажан за вечерва со почеток во 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×