Зидан: Не видов, но, ми рекоа дека било чист пенал

by
2 минути читање

Реал Мадрид се помачи да
се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, по гостинскиот триумф кај
Јувентус со 0-3, дома, се спасуваше во самиот финиш, откако загуби со 1-3, а
голот го постигна од пенал во самата завршница.

По мечот, шефот на
стручниот штаб на Мадридски Реал, Зинедин Зидан, рече дека не видел убаво за да
пресуди дали било пенал или не, а додаде дека неговиот тим заслужено оди
понатаму.

Не го видов тој момент,
но, ми рекоа дека било чист пенал
“ рече Зидан.

Задоволен сум, бидејќи
кога би сумирале, бевме подобри од нив. 
Го заслуживме пласманот во полуфиналето по овие 180 минути, имавме многу
повеќе шанси и многу ни беше тешко тоа што не искористивме некоја од истите. Тоа
е фудбал, топката не сакаше да влезе во голот, патевме, но на полувремето
успеавме да дојдеме на себе
“ додаде францускиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани