78
По контроверзниот
пенал кој „Кралевите“ го добија на гостувањето кај Виљареал, Жерард Пике се
огласи на Твитер и посочи неколку грешки на судиите на натпреварите на
Барселона и Реал Мадрид и сугерираше дека судиите го фаворизираат клубот од
Сантијаго Бернабеу.
„Секој има право
на свое мислење” – рече
Зинедин Зидан на денешната прес конференција.
„Но нема вистина
во она што го вели Пике. Горд сум на моите играчи бидејќи ги почитуваат судиите”.
„Се обидуваме да
ја забавуваме публиката. Мадрид секогаш се однесувал професионално и покажувал
почит кон фудбалот”.