Таневски го објави списокот за мечевите со Црна Гора и Шведска

by riste
2 минути читање

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за ЕП.

Македонските надежи на 1. октомври играат со Црна Гора во Битола, а на 5. октомври ѝ гостуваат на Шведска во Фалкенберг.

Пред овие два меча Македонија У21 ќе одигра пријателски натпревар против Русија У20. Тој меч се игра на 28 септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Таневски објави поширок список кој дополнително ќе биде скратен.

„Со оглед на тоа што ни следат последните два натпревари од тековниот квалификациски циклус, сакаме да им дадеме простор и на помладите фудбалери, кои треба да бидат дел од следната генерација до 21 година. Секој натпревар за репрезентацијата мора да се игра со максимална одговорност, дисциплина и желба за резултат. Тоа не се менува без оглед на околностите и фазата во која се наоѓаме. Во исто време, наша обврска е паралелно да градиме тим за иднината. Овие натпревари се добра можност да видиме на кои фудбалери можеме да сметаме во следниот квалификациски циклус и да им дадеме шанса да стекнат меѓународно искуство. Сакаме да создадеме здрава конкуренција и постепено да ја подготвиме следната генерација за предизвиците што ја очекуваат“, изјави Таневски.

Голмани: Џеков Љупче (Силекс), Вргов Славе (Брера), Димовски Натаниел (Пелистер), Филевски Никола (Брегалница);

Одбрана: Радевски Златко (Тетекс), Танчев Ѓорѓе (ФК Брера), Велков Андреј (Брегалница), Цветковски Филип (Вардар), Реџеп Мурати (Малишева, Косово), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурати Адис (Башкими), Серафимов Давор (Скопје), Митрев Марио (Брера);

Среден ред: Тасовски Васил (Младост Лучани, Србија), Шаботиќ Емир (Детонит), Аризанковски Андреј (Шкендија), Николовски Теодор (Тиквеш), Ангелов Матеј (Брегалница), Масларов Илија (Лугано, Швајцарија), Тасев Даријан (Брегалница), Трпевски Лука (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Величковски Никола (Скендербег, Албанија), Ристовски Стефан (Башкими), Манојлов Никола (Силекс), Данев Димитар (Вардар), Арифи Салим (Митровица, Косово), Николовски Марко (Охрид), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкендија Арачиново), Хоџа Дитмир (Лидс, Англија), Куртиши Мухамед (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Џангаровски Мартин (Радник Сурдулица, Србија), Исламовиќ Фадил (Кустошија), Шириќ Иван (Брера).

Пред последните два натпревари, Македонија се наоѓа на 5. место во групата Е од квалификациите за Европското првенство 2027. По осум одиграни натпревари, Македонија има 6 бода. На врвот е Полска со 24 бода, пред Италија со 21, додека Црна Гора и Шведска имаат по 10 бода. На последното место е Ерменија без освоен бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×