Во текот на денешниот англиските медиуми објавија дека поради мускулна повреда од репрезентацијата на Англија се повлекол Кол Палмер.
Но, како што одминува денот, така се зголемува бројот на фудбалери на кои Томас Тухел нема да може да смета. Засега ги има петмина. Покрај Палмер, од репрезентацијата се повлекоа и Тино Ливраменто, Коби Мајно, Маркус Рашфорд и Деклан Рајс.
Она што засега е познато е дека на тимот ќе му се приклучат Џејмс Гарнер и Морган Гибс-Вајт.
Сепак, со оглед на тоа што во овој репрезентативен прозорец Англија ќе одигра четири натпревари,Тухел сигурно ќе сака да повика уште тројца фудбалери.
Англија најпрво на домашен терен ќе игра против Шпанија, потоа ќе гостува кај Чешка и Хрватска, а репрезентативниот прозорец ќе го затвори со домашен натпревар против Чешка.