Атлетико го истрола Мурињо и застана во одбрана на судиите! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Според многумина, Атлетико Мадрид со голема помош од судиите го победи Реал Мадрид, а војната се разгоре по последниот судиски свиреж.

Од таборот на Реал Мадрид од сите страни распукаа по судиите, а прв почна Жозе Мурињо од прес-конференцијата по мечот.

Португалецот пред новинарите се појави со испринтан лист на кој беа покажани двете ситуации во кои фудбалерите на Атлетико требаше да добијат црвени картони.

Сега Атлетико Мадрид преку социјалните мрежи му врати на Португалецот и застана во одбрана на судиите.

Од принтер излезе слика со Мурињо на која пишува: „Престанете со малтретирање на судиите веднаш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×