Реал жестоко удри преку клупската телевизија: Недостасува само уште пиштоли да носат против нас!

by Стефан
1 минути читање

Не стивнува бурата по мадридското дерби. Атлетико слави победа, додека во Реал Мадрид жестоко реагираат на судењето, а чекор понатаму отиде и клупската телевизија.

Тренерот на мадриѓаните, Жозе Мурињо, според сопствените стандарди, имаше прилично остар настап на прес-конференцијата. Но, чекор понатаму отиде клупската телевизија на шпанскиот гигант, која особено не го штедеше првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Денес нема да ја имаме нашата стандардна анализа на натпреварот. По ова што го видовме, нема никаква смисла да се води каква било фудбалска дебата. Сето она што се случи нè тера да повраќаме. Не им е грижа што низ цела Ла Лига се цедат г…ната на нејзиниот шеф Хавиер Тебас. За Реал се применуваат поинакви стандарди. Не ни дозволуваат да се натпреваруваме. Тоа е планот на Ла Лига и на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Уште само недостига Ла Лига да им дозволи на противниците на Реал да играат со пиштоли“, беше наведено во прилогот на Реал Мадрид ТВ.

Во последните најмалку година и половина, од редовите на најтрофејниот шпански клуб сè почесто упатуваат критики на сметка на судењето, како и на третманот што Реал го има од Ла Лига и Хавиер Тебас.

Судејќи според досегашните реакции, ваквите изјави најверојатно ќе продолжат и во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×