66
Реал Мадрид и Гремио од
Бразил денес ќе ги одмерат силите во финалето од Светското клупско првенство
кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати, а дуелот кој одлучува за
Светскиот првак ќе стартува во терминот од 18 часот.
Во пресрет на денешната
пресметка, Зинедин Зидан изјави дека по секоја цена ќе го брани својот напаѓач
Карим Бензема кој се почесто е мета на критики.
„Не се сложувам со
критиките на негова адреса, но тоа е тоа. Тоа што мене ме интересираат се
головите. Карим е поинаков играч, тој нема да постигне 50 гола, но на теренот
одработува многу задачи. Ми се допаѓа тоа што тој го прави за тимот, ова е тим
и Карим е еден од најдобрите. Ќе го бранам до смрт“ истакна Зидан.