Зидан кажал ДА за сензационално враќање во Реал, од утре почнува со работа?!

by
1 минути читање

По срамниот пораз
од Ајакс и елиминацијата во Лигата на шампионите, се појавија гласини според кои Флорентино Перез му се јавил на Зинедин Зидан и го замолил да се врати на
кормилото. Извештаите исто така велеа дека Французинот одбил во моментов да седне на
тренерското столче но ја оставил вратата отворена за јуни месец.

Потоа се шпекулираше
дека Жозе Мурињо е најсериозен кандидат, и се најавуваше дека „специјалниот“
денеска ќе биде именуван за нов тренер.

Сепак, последните
информации од Шпанја велат дека Зинедин Зидан се враќа и ова ќе биде потврдено
на денешната средба на бордот на директори која започнува во 18 часот.

Се очекува во
следните часови да биде соопштено дека Сантијаго Солари повеќе не е тренер на
првиот тим а негов наследник е Зинедин Зидан. Французинот утре или во среда ќе
го има првиот тренинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани