728
Такехиро Томијасу успешно беше опериран и ќе биде надвор од терените долг период.
Бекот на Арсенал нема да игра до крајот на сезоната, откако го оперираше десното колено. На социјалните мрежи се појавија фотографии по операцијата, а веќе е започнат периодот на опоравување.
Томијасу е член на Арсенал од 2021 година кога пристигна од Болоња. Сезонава тој одигра само еден натпревар бидејќи имаше проблеми со коленото. Откако другите методи на лекување не успеаја, тој мораше да се оперира.