Скопски Вардар направи многу промени за време на зимската пауза, а сега конечно е комплетиран тимот на тренерот Гоце Седлоски.
Според најавите од страна на клупскиот веб-сајт, Вардар го затвори ростерот за втората полусезона во ПМФЛ. Ново име на листата засилувања е Мануел Куестас од Аргентина.
Зимски засилувања на Вардар се:
Давор Талески – Македонија
Мичал Пинтер – Словачка
Георгије Јанкулов – Македонија
Михаил Маневски – Македонија
Едиз Спахиу – Македонија
Мите Цикарски – Македонија
Димитар Тодоровски – Македонија
Михаил Талевски – Македонија
Мислав Матиќ – Хрватска
Фаустин Сенгхор – Сенегал
Мато Кассим Рогерс – Уганда
Мануел Куестас – Аргентина
Во пролетта Вардар влегува од претпоследното место на табелата. Јасно е дека пред Седлоски и неговите избраници е тешка битка за опстанок, а освен Вардар добро се засили и конкуренцијата.