Ебуе од 2004 до 2011 година беше фудбалер на Арсенал, а во последните шест години играше за Галатасарај.
Тој имаше се за што сонуваат сите млади африкански но и сите фудбалери воопшто. Успешна кариера во еден од најголемите клубови во светот и многу пари. Сега Ебуе нема ништо друго освен голема куќа од која мора да се исели, картица за лондонското метро кое му стана превозно средство и голема депресија.
Лошите инвестиции кои ги направил под влијание на „пријатели“ и разводот со алчната сопруга која му земала речиси се, се причините за неговата денешна ситуација. Поранешната сопруга му забранила да ги гледа и слуша нивните три деца, а овие денови се очекува да биде иселен од својата куќа во Лондон. Тешко го погодила и смртта на дедо му со кој бил приврзан, а неодамна во сообраќајка му почина и брат.
„Сите работи кои ги имам ги спакував во вреќа и само чекам да дојде полиција и да ме избркаат. Немам пари за адвокат барем да си ја спасам куќата. Понекогаш ги гасам сите светла бидејќи не сакам да знаат дека сум тука. Мачно работев во животот а сега многу се плашам“, вели Ебуе.
„Бев многу наивен кога финансиите се во прашање. Слушав совети на некои пријатели кои ми се правеа пријатели и инвестирав во глупости. За финансиите се грижеше мојата сопруга, и препуштив се бидејќи јас не се разбирав ништо од тоа. Од осум милиони колку заработив во Турција, неа и дадов седум. Се ми зема“.
Ебуе во моментов издржува суспензија од 12 месеци по тужбата од поранешен негов агент.
„Тешко ми е кога на телевизија ќе го видам Тјери Анри или некои други поранешни соиграчи. Се прашувам можев ли јас да бидам на нивно место. Не знам како би реагирал ако ги сретнам повторно, мислам дека би ми било незгодно“.
„Дланките ми се тврди како да работам на фарма. За среќа, баба ми како дете ме научи да готвам и перам, па немам проблеми со тоа. Тоа ми најмал проблем во моментов. Се надевам дека мене и луѓето како мене ќе наидат на помош од поранешните клубови или здружението на Премиерлигаши. Да ми дадат било каква работа, веднаш би прифатил“.
Депресијата на Ебуе отишла дотаму што тој помислувал и на самоубиство, но сега се надева дека ќе го надмине тешкиот период и ќе му се врати на нормалниот живот.