Во Лигата на шампионите вечерва со плеј-оф натпреварите за осминафиналето започнува нокаут фазата од ова натпреварување.
На програмата имаме четири натпревари, а најголемо внимание привлекува дербито помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. За двата европски гиганти ова ќе биде петти пат во последните шест сезони да играат еден против друг во најелитното европско натпреварување.
Покрај тој натпревар од 21:00 часот вечерва се играат уште дуелите: Спортинг – Борусија Дорткунд и Јувентус ПСВ, додека во терминот од 18:45 часот ќе се одигра средбата Брест – ПСЖ.
Преостанатите четири натпревари се играат во среда. Клуб Бриж ја пречекува Аталанта, Монако ја пречекува Бенфика, Селтик игра против Баерн, а Феенорд ќе ги одмери силите со Милан.
Директен пласман во осминафиналето веќе обезбедија: Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила. Реванш натпреварите се закажани за 18 и 19 февруари, додека првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 5 и 5 март.
Haaland: 47 goals, 47 games
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 10, 2025
Mbappé: 51 goals, 81 games #UCL pic.twitter.com/O1SmHiHbGR