Задкулисни игри причина за расправијата помеѓу Мурињо и Погба, еве што се крие зад војната

by
1 минути читање

Менаџерот на
Манчестер јунајтед вели дека се е во ред помеѓу него и Пол Погба, но медиумите
речиси секој ден пишуваат дека односот помеѓу двајцата е нарушен.

Не само што
Португалецот го седна на клупа најскапото засилување во историјата на клубот,
туку неодамна имал и жестока расправија. Пол Погба ја посетил канцеларијата на
„Специјалниот“ за му се пожали дека фудбалерите не се задоволни од тактиката, а
замерки имал и за сопствената позиција на теренот.

Мурињо пак му
порачал на Французинот кога ќе излезе да го види знакот на вратата на кој
пишува „тренер“ во случај да не знае кој е главен во тимот.

Дејли Мејл сега
вели дека зад расправијата има задкулисни игри. Весникот пренесува дека на Португалецот
на нерви му идат честите посети на Мино Рајола во тренинг центарот.
Контроверзниот агент на Пол Погба бил расположен кога се е добро, но и напорен
кога работите не одат според планот.

Исто така, Жорж
Мендеш, кој е агент на Жозе Мурињо, го опипува теренот да го украде Пол Погба и
да го додаде Французинот во своето богато портфолија на суперѕвзди кои ги
застапува.

Во меѓувреме Сан
објави дека Пол Погба ќе го напушти Олд Трафорд летоска доколку Жозе Мурињо и
во иднина е на менаџерското столче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани