За скандалот Валверде и Чуамени скапо ќе платат, ги чека брутална казна!

by Стефан
1 минути читање

Кризата во Реал Мадрид добива посериозна димензија откако клубот официјално покрена вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орелиен Чуамени поради тепачка на тренингот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека можните санкции се исклучително строги, од повеќемечна суспензија, па сè до потенцијален раскин на договорите.

Наводниот инцидент започнал со жестока расправија на тренингот, која потоа прераснала во физичка пресметка. Според информациите, по контактот со Чуамени, Валверде паднал и удрил со главата, при што заработил расекотина и кратко останал без свест. Уругваецот бил изнесен од теренот и веднаш префрлен во болница.

Од Реал Мадрид подоцна соопштиле дека Валверде ќе паузира меѓу 10 и 14 дена поради трауматска повреда на главата.

Според дисциплинските правила на Ла Лига и синдикатот на фудбалери, доколку случајот биде оценет како сериозен, двајцата играчи може да добијат суспензија од три до 10 натпревари. Ако инцидентот биде класифициран како особено тежок, казната може да достигне и до 20 меча неиграње.

Во најекстремното сценарио, постои можност и за прекин на договорите. Фактот што Реал Мадрид отвори официјална истрага покажува дека во клубот ситуацијата ја сфаќаат крајно сериозно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×