За која тепачка мисли Арбелоа кога рече, „Имав соиграч кој со голф палка нападна друг играч“

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа се обиде да ја намали тежината на инцидентот во кој беа инволвирани Ернесто Валверде и Орелиан Чуамани со приказна од неговите денови како фудбалер, Шпанецот раскажа случка од соблекувалната на Ливерпул.

„Кралевите“ оваа недела се во фокусот на јавноста поради недоразбирањата помеѓу Ернесто Валверде и Орелиан Чуамени.

Во средата двајцата се фатиле за гуша на тренингот, се почнало се еден обичен фаул на тренингот, по што Уругваецот и Французинот почнале да се туркаат и да се влечат.

Наместо да се смират страстите, двајцата имаа втора рунда во четвртокот, дошло до тепачка, а Ернесто Валверде заврши во болница поради повреда на главата, иако официјалната приказна е дека фудбалерот од средниот ред несреќно се удрил во маса.

Извори од Реал Мадрид за медиумите брифираа дека ова било една од најжестоките расправии видени во тренинг центарот на „кралевите“, но Алваро Арбелоа се обиде ја намали тежината на инцидентот.

На денешната прес конференција тој порача: „Имав соиграч кој со голф палка нападна друг играч!“

Изјавата веднаш ги натера многумина да се присетат и да побараат дали нешто слично некогаш се случило во историјата на Реал Мадрид.

Но тепачката за која мислеше Алваро Арбелоа се има случено во Ливерпул, на почетокот од 2007 година. На тренинг камп во Португалија, пред натпревар против Барселона во Лигата на шампиони, Грег Белами со голф палка го нападнал Јон Арне Рисе.

Интересно, двајцата фудбалери постигнаа гол во победата на „црвените“ од 1-2 против Барселона, а Грег Белами при прославата истрча до корнер знаменцето, застана и направи замав како да удира со голф палка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×