Како што пренесува Марка, нов сериозен инцидент се случил на денешниот тренинг на Реал Мадрид, за гуша се фатиле Федерико Валверде и Орелиан Чуамени.
Реал Мадрид е „буре барут“, во тимот владее токсична атмосфера и сериозно е нарушена внатрешната хармонија во соблекувалната.
Марка објави дека денеска се случил нов сериозен инцидент, Федерико Валверде и Орелиан Чуамени се фатиле за гуша.
Се почнало со една обична ситуација, односно фаул, но брзо ескалирала во една од најжестоките расправии видени во тренинг центарот на „кралевите“.
Двајцата играч почнале да се туркаат, да се влечат и продолжиле со расправијата дури и во соблекувалната.
Ваквите вести следуваат само ден по написите за нетрпение помеѓу Ридигер и Карерас, кое кулминирало со шлаканици, левиот бек самиот го потврди ова, иако се обиде да објасни дека се работело за мал инцидент кој веќе е минато.
Марка додава дека во тимот има сериозни поделби помеѓу играчите, некои од нив речиси и да не комуницираат едни со други.
Дополнително, односите со Алваро Арбелоа се напнати, како што појаснува весникот, најмалку шестмина фудбалери не сакаат да зборуваат со тренерот.