Медиумите од Шпанија пишуваат за инцидент во соблекувалната на Реал Мадрид, тензијата помеѓу Антонио Ридигер и Алваро Карерас кулминирала, па Германецот му „залепил една“ на Шпанецот.
„Кралевите“ втора сезона по ред ќе останат без трофеј, притисокот е огромен, па очигледно врие во соблекувалната.
Како што пренесува новинарот Мигел Серамо, подолго време имало нетрпение помеѓу Антонио Ридигер и Алваро Карерас, а тензијата кулминирала пред две недели, кога Германецот му „залепил една“ на Шпанецот.
Инцидентот се случил помеѓу натпреварите на Реал Мадрид против Алвас и Бетис, токму против Алавас, левиот бек за последен пат беше стартер.
Новинарот додава дека ова не е единствениот проблем што се случил во соблекувалната, во неколку наврати летале искри помеѓу играчите и тренерот, како и помеѓу самите играчи.
„Атмосферата во соблекувалната е исклучително напната“ – му открил изворот на Мигел Серамо.