Скандалозни случувања во Реал Мадрид, Ернесто Валверде и Орелиан Чуамени се степале на денешниот тренинг, Уругваецот завршил во болница.
Медиумите од Шпанија вчера пренесоа за нова тензија во Реал Мадрид, Ернесто Валверде и Орелиан Чуамени се фатиле за гуша.
Еден фаул била причината за двајцата играчи да се туркаат и да се влечат во една оа најжестоките расправии видени во тренинг центарот на „кралевите“.
Но наместо ситуацијата да се смири, денеска таа дополнително ескалирала, Ернесто Валверде и Орелиан Чуамени се степале!
Подебелиот крај го извлекол Уругваецот, кој завршил во болница на шиење, во придружба на тренерот Арваро Арбелоа.
Извори за Марка брифираат дека се започнало утрово, кога Ернесто Валверде одбил да подаде рака, на тренингот имало неколку остри стартови, особено од страна на Уругваецот, па Орелиан Чуамени го загубил разумот и настанал невиден хаос.
Со оглед на тоа дека работата е многу сериозна, и веќе се случија голем број на инциденти, директор Хозе Анхел Санчез веднаш ги собрал сите фудбалери во соблекувалната на состанок.
Марка додава дека атмосферата во Реал Мадрид е исклучително напната, со нервоза, внатрешни поделби и чувство дека проблемите уште долго нема да се надминат.