Минатата недела,
Мундо Депортиво пренесе дека Нејмар изразил желба одново да го облече дресот на
Барса, и својата намера веќе има ја соопштил на поранешните соиграчи со кои се
уште е во добар однос како и на директори кои имаат збор при кроењето на трансфер
плановите и спортскиот проект.
И додека едно
вакво сценарио е тешко замисливо со оглед на начинот на кој Барселона и Нејмар
се разделија и се тужат по судови, дел
од медиумите продолжуваат да пишуваат на оваа тема.
Според Дон Балон, Бразилецот дури имал и два услови кои се поврзани со Лео
Меси. Напаѓачот доколку се врати на Камп Ноу ќе мора да заработува исто колку и
Аргентинецот, а бара и Лео Меси јавно да изјави дека посакува Барса повторно да
го купи Нејмар.
На овој начин
Нејмар сака да се осигура дека се уште е ценет и баран кај поранешните
соиграчи. Тој исто така посочил дека оваа практика била применувана и во
минатото кога „Каталонците“ го вратија Сеск Фабрегас во своите редови.
Во меѓувреме,
медиумите од Мадрид продолжуваат да пишуваат дека Флорентино Перез работи на
ангажман на Нејмар. Веќе е остварен првиот контакт и поставена е основа за трансфер од 400 милиони евра. Загрижен поради ваквите случувања,
претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи во најскоро време ќе отпатува за Бразил за лично да го праша
напаѓачот какви се неговите планови за иднината.