Втора младост, Роналдо има тело на 23 годишен фудбалер

by
2 минути читање

Ако на почетокот
од сезоната имаше скептици кои веруваа дека годините полека го надвасуваат
Роналдо и тој нема да биде оној стариот како изминува времето, ЦР7 оваа недела
на најдобар начин им ги затна устите на критичарите.

Португалецот ја продолжи
одличната гол серија со два погодока против Јувентус во четвртфиналето, а
особено импресивен беше потегот за вториот гол, кога со спектакуларни ножички
го матираше Џиџи Буфон.

Кристијано
Роналдо покажа дека и на 33 години е во топ форма, а последните информации
велат дека дури и во Реал Мадрид се зачудени од физичката кондиција во која се
наоѓа нивната ѕвезда.

Новинарот Аранча
Родригез од Депортес Копе сега ги открива неворојатните бројки кои илустрираат
каква е ситуацијата на Кристијано Роналдо.

Најдобриот
стрелец во историјата на Реал Мадрид (со 445 гола на 430 натпревари) има 7%
телесни масти, а вообичано оваа бројка кај играчите се движи помеѓу 10 и 11%.
ЦР7 исто така има мускулна маса од 50% која вообичано не надминува 46% кај
останатите фудбалери. Ова му овозможува да скокне и до еден метар, па затоа
Португалецот е толку доминантен во воздушните дуели со противниците, а ги
изведе и спектакуларните ножички против Јувентус. Во кратки црти, тој има тело на 23
годишен фудбалер.

За ова голема
заслуга има Зинедин Зидан, кој го убеди Кристијано Роналдо дека треба повеќе да
одмара. Французинот ја промени и улогата на Португалецот во тимот,
кој сега повеќе игра како класичен напаѓач. Зизу исто така со фитнес тренерот
Антонио Пинтус дизајнираше специјална програма за играчот да биде во топ форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани