Напаѓачот на
Интер, Мауро Икарди според информациите кои ги објави Кориере дело Спорт, сака
да остане во Италија, а вратите од Јувентус и Наполи се отворени за
Аргентинецот, тврди претходно наведениот медиум.
Според пишувањата
на Кориере дело Спорт, семејството на Икарди веќе инвестирало многу во своето
живеалиште во Северна Италија, а воедно нема намера истото да го напушти.
Весникот
објаснува дека Аргентинецот сега ги разгледува сите отворени опции за да остане
во Серија А, а токму Јувентус и Наполи се наведуваат како најдобрите засега
опции за него по случувањата во Интер.
Шпекулациите
велат дека Старата дама се обиделе да го ангажираат пред тоа да им успее со
Кристијано Роналдо, а Кориере додава дека не треба да се отфрли можноста да
дојде до трампа помеѓу Јувентус и Интер, во која би бил вклучен Пауло Дибала.
Од друга страна
пак, Наполи во Икарди гледаше идеална замена за Гонзало Игуаин во летото 2016.
година, а шефот на стручниот штаб на таа екипа, Карло Анчелоти, не ги крие
симпатиите кон Аргентинецот.