Светското првенство очекувано донесе огромна популаризација на фудбалот и самите фудбалери, а тоа најдобро се гледа преку вистинската експлозија на бројот на следбеници на социјалните мрежи. Голем број играчи забележаа драстичен раст на Инстаграм, а некои од нив стигнаа до навистина импресивни бројки.
Иако голманот на Зеленортските Острови Возиња беше една од најинтересните приказни на турнирот, според растот на бројот на следбеници се најде на второто место.
Тој од скромни 30.000 следбеници стигна до неверојатни 29,4 милиони, што претставува најголем релативен раст, бидејќи сега има дури 980 пати повеќе следбеници отколку пред Мундијалот. Сепак, најголем вкупен пораст оствари норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
Благодарение на неговата исклучително активна присутност на Инстаграм за време на Светското првенство, Халанд доби повеќе од 32 милиони нови следбеници и сега го следат вкупно 72,7 милиони луѓе.
Веднаш зад Возиња на оваа листа се Џуд Белингем и Кристијано Роналдо, кој достигна неверојатни 677 милиони следбеници на „Инстаграм“.
Овие бројки уште еднаш потврдуваат колкаво влијание има Светското првенство врз глобалната популарност и препознатливост на фудбалерите.
Most Instagram followers gained during the World Cup:
— World of Statistics (@stats_feed) July 22, 2026
1. 🇳🇴 Erling Haaland: 40.6M → 72.7M (+32.1M)
2. 🇨🇻 Vozinha: 30K → 29.4M (+29.4M)
3. 🏴 Jude Bellingham: 41.3M → 53.3M (+12M)
4. 🇵🇹 Cristiano Ronaldo: 665.6M → 677M (+11.4M)
5. 🇪🇸 Lamine Yamal: 43.3M → 54.3M (+11M)
6. 🇧🇷…