Воспитна за Велшанецот: Реал Мадрид ќе го казни Бејл

by
1 минути читање

Реал Мадрид донел
одлука да го казни својот фудбалер Герет Бејл, а причината е поради тоа што
Велшанецот го напуштил трибинскиот простор од Сантијаго Бернабеу десет минути
порано за време на натпреварот против Реал Сосиедад.

Кралевите беа
поразени со 0-2 пред своја публика во редовното коло од Примера изминатиот
викенд, а во составот на домаќините го немаше Бејл, тој мечот го проследи од
трибините.

Диарио тврди дека
неизбежна е казна за Бејл по потегот на Велшанецот, но, барем засега нема никаква
потврда од клубот, инаку Велшанецот беше „уловен“ од ТВ камерите како ги
напушта трибините во 78. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани