Хет-трик на Мбапе, Реал го прегази Сосиедад на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид остана со максимален ефект на стартот од новата сезона во Ла Лига. „Кралевите“ вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо го совладаа Реал Сосиедад со 4-1 и стигнаа до втората победа во исто толку натпревари.

За разлика од премиерниот дуел, избраниците на Жозе Мурињо одиграа далеку подобро, а главните улоги ги имаа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Мбапе го отвори резултатот во 40. минута, но гостите експресно возвратија. Само четири минути подоцна, Сучиќ погоди за 1-1 и го врати Реал Сосиедад во игра.

Сепак, во вториот дел мадриѓани целосно ја презедоа контролата. По нешто повеќе од еден час игра, Мбапе повторно се запиша во листата на стрелци, овојпат по одличната асистенција на Џуд Белингем.

Англискиот репрезентативец осум минути подоцна ја запиша и втората асистенција, а Винисиус Жуниор ја претвори во трет гол за домаќините.

Точка на убедливата победа стави Мбапе во 80. минута. Французинот комплетираше хет-трик, а Винисиус овојпат се најде во улога на асистент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×