Фудбалерите на Јувентус славеа на гостувањето кај Селта Виго славеа со пресврт 2-1 и тоа со гол во последните моменти од средбата.
Натпреварот го одбележаа две големи грешки на капитенот на Селта, Маркос Алонсо, кои директно придонесоа за погодоците на италијанскиот тим. По изедначениот почеток, домаќините поведоа во 18. минута.
Акцијата започна од одбраната на шпанскиот тим, но фудбалерите на Јувентус извршија висок притисок со намера да ја освојат топката. Тоа им овозможи на домаќините да бидат казнети, па Уго Алварез ја заврши акцијата со гол, по асистенцијата на играчот од средниот ред, Вилиот Сведберг.
Јувентус по примениот гол беше очигледно подобар противник, а италијанскиот тим доминираше особено по враќањето од полувремето. Избраниците на Лучано Спалети на крајот стигнаа до израмнување благодарение на големата грешка на противничкиот капитен.
Маркос Алонсо се обиде со градите да ја смири долгата топка, но наместо тоа ја одби директно пред напаѓачот на гостите, Ник Волтемаде. Фудбалерот на Јувентус ја искористи подарената можност и ја затресе мрежата за 1-1.
Кога изгледаше дека бодовите во Шпанија ќе бидат поделени, Алонсо повторно направи грешка во сопствениот шеснаесетник, а сега ја искористи Коло Муани кој го матираше противничкиот голман за конечни 2-1.
За Јувентус ова е втора победа во Лигата на Европа откако во првото коло лесно и убедливо го совладаа НЕЦ со 5-0, Селта пак го претрпе вториот пораз бидејќи претходно загуби од Омонија 1-0.
Останати резултати:
Бенфика – Селтик 4-1
Борнмут – Штурм Граз 3-0
Динамо – Андерлехт 1-0
Ференцварош – Викторија Плзен 2-1
Хофенхајм – Бешикташ 2-3
Јагјелонија – Арарат 3-1
Марсеј – Олимпијакос 0-1
НЕЦ – Левски 1-1
Рен – ОФИ 2-1