Македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров продолжува со одличните настапи за Црвена звезда и на своето деби на европската клупска сцена запиша асистенција.
Се играше 32-та минута кога нашиот репрезентативец му асистираше на Елшник кој стрелаше за израмнување. Претходно Лугано поведе со голот на Ајети во 25-тата минута.