Тага, аплауз и песна: Илјадници луѓе на погребот на Синиша Михајловиќ во Рим (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Синиша Михајловиќ
денеска беше погребан во Рим откако во петокот ја загуби битката со тешката
болест.

Илјадници
навивачи, роднини, пријатели, сегашни и поранешни фудбалери и тренери се појавија во
базиликата „Света Марија“ и со аплауз и песна го испратија Србинот во вечното
почивалиште.

На погребот беа
целиот тим на Болоња и Лацио, „бјанкочелестите“ ја донесоа и маскотата, орелот
Олимпија. Се појави и легендата на Рома, Франческо Тоти во друштво на Бруно
Конте, Морган де Сантис и Даниеле Де Роси.

Пристигна и
министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди како и градоначалникот на Рим,
Роберто Гвалтиери.

На погребот присуствуаше и министерот за спорт на Србија,
Зоран Гајиќ, како и делегации од Фудбалската федерација на Србија, Црвена
звезда и Партизан. Имаше и многу поранешени фудбалери од балканските простори
како Владимир Југовиќ, Зоран Мирковиќ, Гордан Петриќ, Славиша Јокановиќ и
Роберт Просинечки.

Помеѓу лицата кои
го носеа ковчегот со телото на мајсторото за слободни удари беа неговте добри пријатели
Робертo Манчини и Дејан Станковиќ, како и играчите на Болоња, Арнаутовиќ, Соријано
и Де Силвестир.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×