254
Хартс вчера на пенали го совлада тимот на Рапид во Виена и се пласираше во лигашкиот дел од Лига Европа, а по мечот не пропуштија да го пецнат ривалот од Шкотска, Селтик.
Претходниот ден Селтик загуби во Австрија, ЛАСК со магичен пресврт го исфрли шкотскиот гигант од квалификациите во Лигата на шампионите.
Ден подоцна Хартс имаше успешна авантура во Австрија, па тоа беше и поентата на шкотскиот вицешампион.
„Победа во плејоф во Австрија не е за секого“, напиша админот на Хартс на социјалните мрежи. Јасно е на што се однесува.