Ливерпул победи во меч со девет гола, хет-трик на Баркола! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

ЛАСК и Ливерпул приредија вистинско гол-уживање, беа постигнати дури девет голови, а победи англискиот тим со 6-3, во другиот меч од Лигата на шампионите кој се играше во овој термин, Феенорд со 3-2 го совлада Комо.

Баркола кој во изминатиот период добиваше сериозни критики, конечно истапи и постигна хет-трик, негов прв во Лигата на шампионите.

Серијата погодоци ја почна Араухо, а до крајот на првото полувреме Баркола даде два гола за 0-3. Тоа беше резултатот со кој се замина на одморот.

По шест минути игра во второто полувреме, Фримпонг реализираше за 0-4, во 63. минута Љубичиќ постигна гол за ЛАСК и намали на 1-4.

Брзо потоа Баркола даде уште еден гол за негов хет-трик, следниот погодок беше дело на Кумас за 1-6.

До крајот на мечот Флекер даде два гола за конечен резултат 3-6.

Ефикасен беше и вториот натпревар, во Ротердам имаше пет голови, Феенорд го победи Комо со 3-2.

Мечот почна со водство на Комо, диао погоди во 18. минута, но веќе во следниот напад Зекиел израмни на 1-1.

По седум минути игра во второто полувреме Хаџ Муса погоди за комплетен пресврт и водство на Феенорд од 2-1, а во 81. минута Санчез си постигна автогол за 3-1.

Конечните 3-2 ги постави Довикас во третата минута од судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×