Тензично е во Јунајтед, се огласи и Дијало: Срамно, немам зборови! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Амад Дијало дополнително ги подигна тензиите во Манчестер јунајтед по поразот од 2-0 од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Крилниот напаѓач на Јунајтед по вчерашниот натпревар се огласи на „Снепчет“, каде што покрај фотографија од себе на теренот напиша: „Проклето срамно, немам зборови“.

Не е јасно дали Дијало мислел на играта на својот тим, на изјавите на Лисандро Мартинез или, пак, на целокупната состојба во клубот, наведува „Дејли мејл“.

Дијало влезе во игра од клупата за резерви против Атлетико и ги одигра последните 25 минути од уште еден разочарувачки пораз на тимот предводен од Мајкл Карик.

Сепак, најголемо внимание по натпреварот привлече Лисандро Мартинез. Аргентинскиот стопер отворено ги критикуваше клупските челници и спортскиот директор Џејсон Вилкокс поради трансферната политика.

На прашањето дали Карик ја добил потребната поддршка, тој одговори:

„Мислам дека не. Тој го дава максимумот од себе. Не можеш постојано да менуваш, менуваш и менуваш тренери, а што е со другите сегменти? Вечерва е лесно да се каже дека тренерот е виновен, исто како што е лесно да се обвинат играчите, но мораме да погледнеме и во другите делови од клубот“.

„Очекувам поголеми инвестиции, сто проценти. Очекувам повеќе од нашиот спортски директор. Морам многу да се контролирам, но понекогаш ова е одраз на состојбата во која се наоѓа нашиот клуб во моментов. Минатата сезона одигравме фантастично, а сега очекуваме повеќе од луѓето на врвот и повеќе нови играчи за да можеме да бидеме конкурентни, бидејќи и многу други екипи доведуваат голем број фудбалери“, додаде Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×