Динамо има за што да жали, Викинг ќе игра ЛШ, дебакл за Серафимов и Левски во Атина! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Динамо Загреб вечерва загуби со 3-1 во реваншот против Викинг во Норвешка и наместо во Лигата на шампионите, сезоната во Европа ќе ја продолжи во лигашката фаза од Лига Европа.

Динамо може да жали за пропуштената шанса уште по првиот натпревар. Загрепчани имаа водство од 2-0 и уште неколку добри можности, но дозволија Викинг да се врати и да стигне до 2-2, што на крајот се покажа како клучно.

И на реваншот Динамо подобро го отвори натпреварот. Хоџа погоди во 10. минута за предност на гостите, но само десет минути подоцна Трипиќ израмни за Викинг.

Норвежаните фуриозно тргнаа во вториот дел и за само две минути направија целосен пресврт. Аустбо во 48. минута погоди за 2-1, а Мои две минути подоцна го зголеми водството и го одведе Викинг во следната фаза.

Левски, каде што настапува македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, доживеа уште потежок пораз. АЕК на домашен терен славеше со убедливи 4-0, откако уште во првото полувреме практично го реши прашањето на победникот.

Лука Јовиќ го отвори резултатот, а Варга двапати погоди за предност од 3-0 по првите 45 минути. Во продолжението Марин ги постави конечните 4-0. Серафимов го одигра целиот натпревар за бугарскиот тим.

Фенербахче, пак по ремито во првиот натпревар славеше 2-1 на гости кај Лион и успеа да обезбеди пласман во најелитното клупско европско натпреварување.

Слован Братислава во единствениот натпревар кој вечерва се решаваше по продолженија славеше на гости кај Целје со 2-1 и така го пополни и последното место за новата сезона во Лигата на шампионите.

Ждрепката за лигашката фаза на програмата е утре од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×