Хулијан Алварез не тренира втор ден, Атлетико дециден: Нема да го продадеме на Барселона!

by bojan
1 минути читање

Бордот на директори на Атлетико Мадрид застана зад директорот Мигел Анхел Хил Марин и порача дека Хулијан Алварез нема да биде продаден на Барселона.

Хулијан Алварез не тренира втор ден, напаѓачот не се чувствува добро, иако многумина сметаат дека ова се валкани тактики и притисок за трансфер во Барселона.

Но Атлетико Мадрид е дециден, ниту ќе има преговори со Барселона, ниту пак Аргентинецот ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Раководството застана зад директорот Мигел Анхел Хил Марин, кој се посочува како човекот кој со своето его го кочи трансферот.

„Одборот на директори едногласно ја поддржува одлуката на клубот да не преговара со Барселона за трансфер на Хулијан Алварез“ – стои во соопштението.

„Свесни сме дека Атлетико Мадрид е отворен за преговори што е вообичаено на трансфер пазарот, но тие мора да се водат на етички и професионален начин, со почит меѓу клубовите. Целосно стоиме зад ставот што веќе го соопшти клубот, дека Барселона не ги исполни овие услови, па затоа немало, ниту ќе има преговори со нив за трансфер на Хулијан Алварез“.

„Убедени сме дека нашиот играч ќе ја разбере одлуката и дека ќе продолжи да игра на највисоко ниво со цел да му помогне на клубот да ги оствари целите, како што тоа го правеше изминатите две сезони“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×