Гаштаров: Заслуживме повеќе од еден бод

by riste
0 минути читање

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Матеј Гаштаров, синоќа ја спаси Црвена звезда од пораз од Гент откако во 85. минута даде фантастичен гол за 1-1, што беше и конечен резултат.

Гаштаров смета дека Црвена звезда заслужила и повеќе од еден бод.

„Мислам дека одигравме добро, во второто полувреме доминиравме во текот на целото полувреме. Не ги користевме шансите кои ги имавме, но се надевам дека ќе продолжиме во овој ритам. Мислам дека заслуживме многу повеќе од еден бод“, кажа Гаштаров.

Црвена Звезда по четири одиграни меча се наоѓа на 19. место на табелата со пет бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×