Ламин Јамал и се налути на Барселона

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Ламин Јамал е лут на раководството на Барселона поради начинот на кој се однесуваат кон Алехандро Балде.

Иднината на Алехандро Балде на „Камп Ноу“ е под голем знак прашалник. И покрај неговата желба да остане во клубот од своето детство, Барселона се обидува да го продаде, па има тензија помеѓу двете страни, левиот бек смета дека е турнат кон излезната врата.

Тој беше изоставен од тимот за натпреварот против Елче, а тренерот Ханси Флик го критикуваше Алехандро Балде дека не прави доволно за повторно да го заслужи местото во тимот.

„Да бидам искрен, разговарав со него утрово. Мислам дека не е на 100%, дека не е целосно присутен и решив да го оставам дома. Се надевам дека ќе ги наполни батериите и ќе видиме што ќе се случи во понеделник“ – рече тренерот на „каталонците“ по триумфот од 0-5 на отворањето на новата сезона во Ла Лига.

Од ваквиот развој на настаните погоден е и Ламин Јамал, првата ѕвезда на Барселона е блиска со Алехандро Балде, па тој е загрижен и лут на раководството на клубот поради начинот на кој се однесуваат кон неговиот добар пријател, и третманот кој го добива левиот бек.

Манчестер јунајтед, Астон Вила и Бенфика пројавуваат интерес за Алехандро Балде и останува да се види дали тој ќе замине до крајот на преодниот рок. Но без разлика дали овој трансфер ќе се реализира или не, може да остави последици во соблекувалната на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×