Воинот Гатузо не можел да поверува што гледа во соблекувалната по поразот од Верона па си поднел оставка!

by
1 минути читање

„Росонерите“ беа
понижени во неделата на гостувањето кај Верона каде загубија со 3-0, па Милан
ја откажа божиќната прослава која требаше да се организира вечерва и од утре
тимот заминува во карантин на неопределено време.

Според новинарот
на Медиасет, Гуљелмо Мастројани, оваа одлука дошла само откако Џенаро Гатузо ги
известил лидерите дека поднесува оставка.

Италијанецот, кој
е познат по својот темперамент, не можел да поверува што гледа во
соблекувалната и на патот кон Милано, односно колку играчите биле опуштени и
како во тимот владеела релаксирана атмосфера

Сепак, првиот
човек на Милан, Марко Фасоне го предомислил стратегот, го убедил да остане и заедно
договориле целиот состав да замине во „ритиро“.

Но ваквата
сторија веднаш беше отфрлена од ПР службата на „Росонерите“. Човекот кој е
задолжен за односите со јавноста на Твитер напиша дека Рино во ниту еден момент
не помислил на оставка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани