Во Турција пушуваат: Фенербахче крои планови како до поголема заработка од продажба на Елмас

by
2 минути читање

Фенербахче во
саботата славеше мошне важна победа на гостински терен кај Кашимпаша со 1-3, а
со тоа стигна до плус пет бода од зоната за испаѓање во турската Суперлига.

Ова е сезона која
гигантот од Истанбул сигурно посакува брзо да заврши, а нашиот репрезентативец
Елиф Елмас играше се
до 61.
минута на мечот против Кашимпаша, во тие моменти резултатот беше 1-1.

Турски „Фанатик“
пишува дека Елмас, како и на останатите натпревари бил следен од скаути од европски
гиганти на трибините, а скаут германски Бундеслигаш, чие име медиумот не го
открива, си заминал од натпреварот токму во моментот кога Македонецот бил
заменет.

Истиот медиум
додава дека се уште нема официјална понуда до Фенербахче за Елмас, но,
интересот е голем за Македонецот, притоа се осврнува и на планот на Фенербахче
за тоа како да заработи многу повеќе на нашиот фудбалер, во однос на тоа што би
го заработил во летниот преоден рок.

Многу
претставници на европските гиганти веќе го тестираат Елиф Елмас, кон крајот на
овој месец многу клубови се очекува да тропнат на вратата на Фенербахче за
Македонецот, сепак, Фенербахче извесно е дека најмногу ќе внимава на финансиските
детали од преговорите
пишува „Фанатик“.

Со 8-10 милиони
евра, тоа би било понуда за почит, меѓутоа таквите понуди ќе се отфрлат категорично,
а ќе сигурно ќе се оди на опцијата Елмас да остане во Фенербахче уште една
година за клубот да добие многу повисока понуда за него, дотогаш раководството
на клубот ќе очекува уште повеќе понуди
“ додава медиумот алудирајќи на тоа дека
Фенербахче приоритет ќе стави на тоа да го задржи 19 годишниот Македонец уште
една година во Истанбул за да извлече многу поголема сума од евентуалната
негова продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани