Во Струмица ќе се организира спектакуларен „Пандев куп“, доаѓаат Интер, Џенова, Црвена звезда, Партизан…

by
1 минути читање

Младинскиот турнир ќе го носи името „Пандев куп“ и има тенденција да прерасне во традиционален турнир, информираат од Академија Пандев.

Првиот дел од турнирот ќе се одржи во периодот од 1 до 4 март и на него ќе учествуваат фудбалери родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули и почетокот на август. Прво, од 30 јули до 4 август ќе се натпреваруваат екипи чии фудбалери се родени во 2002 и 2003 година, а од 6 до 11 август играчи родени во 2004 и 2005 година.

На турнирот треба да учествуваат околу 140 екипи, во тек се преговори со Интер и Џенова кои се очекува да завршат успешно. Вчера во Белград се финализирани преговорите со Црвена звезда и ОФК Београд, а учеството веќе го потврдија Партизан, Осјек, Лудогорец, ЦСКА Софија и ПАОК.

Освен познати тимови од Европа и регионот, учество на турнирот ќе земат и сите македонски клубови, се очекува потврда уште од Вардар, но од Академија Пандев очекуваат дека таа сигурно ќе дојде во наредните денови.

Сите натпревари ќе се играат во Струмица и околината на четири терени. На теренот на Академија Пандев, на вештачкиот терен на клубот, на стадионот Кукуш во Турново и на Градскиот стадион „Младост“ на кој ќе се играат и финалните натпревари.

Планирано е да се појават околу 2.800 деца, овој турнир треба да биде еден од најмасовните во регионот кој сигурно ќе го привлече и вниманието на бројни менаџери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани