765
Според информациите кои
ги пренесува „Скај“, се вели дека италијанскиот првак и европски вицепрвак
Јувентус, е подготвен да издвои фантастични 45 милиони евра за Кевин Стротман.
Всушност, толку изнесува
откупната клаузула на холандскиот репрезентативец кој е предводник на Рома, a тој се споменува како алтернативно решение во замена за
фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан.
Доколку не вродат со
плод преговорите за Џан, во тој случај Јувентус нема да жали толкава сума за да
го ангажира Стротман. Она што е сигурно, договорот на Џан со Ливерпул истекува идното лето, кога тој би дошол во Торино како слободен фудбалер на трансфер пазарот, но Јувентус бара и алтернативни решенија.