Само чудо може да
се случи за Барселона да доживее елиминација во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, откако во првиот дуел со Рома пред своја публика славеше убедлива
победа од 4-1.
И обете екипи
влегуваат претпазливо во вечерашната реванш пресметка на Олимпико, Барселона
има доминација во шесте меѓусебни пресметки со италијанскиот тим, четири
победи, наспроти едната за Рома, во шесте одиграни натпревари, од кои една
заврши нерешено.
Интересно, во
сезоната 2002/03 Рома ја елиминираше Барселона откако на реваншот пред своја
публика во Рим ги совлада Каталонците со убедливи 3-0, резултат кој им носи
место во четирите најдобри вечерва, а во првиот меч тогаш на Камп Ноу одигра
1-1, резултат кој ни оддалеку не е близу оној со кој влегува во реваншот вечерва.
Но, Италијанците
веруваат во чудо, па така, Рома на социјалните мрежи потсети на победата од 3-0
пред цели 16 години, објави видео на социјалните мрежи, на кое напиша: „Ние еднаш го сторивме тоа…“.