Во Реал Мадрид се зачудени од однесувањето на Мбапе во последно време!

by riste
1 минути читање

Весникот „АС“ пишува дека однесувањето на Килијан Мбапе создава проблеми во соблекувалната на Реал Мадрид, наместо сплотеност, предизвикува поделеност.

Еден од проблемите е неговото патување во Италија. Наводно во клубот тешко им е да го проголтаат моментот дека Мбапе се однесува како да му е сеедно во период кога Барселона е на прагот да го освои трофејот, а Реал се обидува да го одложи славјето, на ривалот.

Тој добил зелено светло за патување во Италија, но на луѓето во клубот не им се допаднал моментот кога тоа се случува.

Тимот дава се од себе за да избегне Барселона да ја прослави титулата на Ел Класико, а Мбапе се дисанцира од соиграчите, наместо да биде со нив.

Реал Мадрид синоќа го победи Еспањол и избегна ситуација да прави шпалир на Барса на Ел Класико. Следната цел е победа на Камп Ноу, за да не може ривалот да прослави титула на меч против нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×