Во Хрватска се шпекулира: Динамо Загреб може да „лапне“ четири до пет милиони евра за Адеми

by
1 минути читање

Наскоро почнува
преодниот рок за трансфери, а хрватски „Германијак“ пишуваше за тоа кои се
опциите во хрватскиот фудбалски шампионат, капитенот на Димано Загреб,
македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е подвлечен како опција, доста
интересна за богатиот Ал Итихад, каде шеф на стручниот штаб на таа екипа е
Славен Билиќ, поранешниот хрватски селектор.

Екипата од
Саудиска Арабија сигурно не би имала ништо против да ја исполни желбата на
Билиќ, доколку постои таква секако, а таа, според некои очекувања, би го чинела
тој клуб од четири до пет милиони евра.

Аријан Адеми –
Капитенот на екипата во мај ќе наполни 28 години, сега му е идеална прилика за
трансфер во странство. Се споменува Ал Итихад, каде тренер е Славен Билиќ, тој
е добро запознаен со квалитетите на Адеми, а во касата на Модрите би можело да
капнат помеѓу четири и пет милиони евра
пишуваат во Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани