64
Хрватските државјани кои се во притвор ризикуваат да добијат и по 12 години затвор поради нередите кои се случија за време на дербито помеѓу Партизан и Црвена звезда.
Српски „Курир“ пишува дека полицијата извршила детален претрес на собите во хотелот во кој престојувале хрватските хулигани и нашле нови докази кои потврдуваат дека инцидентите биле организирани.
Во едната соба наводно е пронајдено писмо со детални упатства како да делуваат, им било наредено да не ги користат своите автомобили, и имале инструкции за користење на градскиот превоз.
Претходно полицијата пронајде и писмо на еден од хулиганите до својата девојка во кое потврдува дека ќе се случат инциденти на јужната трибина.