„Влаховиќ ми позајми 100.000 евра за да вратам коцкарски долг“

by Стефан
1 минути читање

Скандалот со обложување во Италија и понатаму е тама на медиумите, а сега повторно во центарот на вниманието е Николо Фаџоли кој откри дека Душан Влаховиќ му позајмил 100.000 евра.

По деталната истрага на обвинителството во Милано, полицијата уапси пет лица, осомничени дека стоеле зад мрежа за незаконито обложување. Меѓу уапсените се Томасо де Џакомо и Патрик Фрицера, за кои се верува дека управувале со платформите преку кои фудбалери и други клиенти уплаќале средства.

Истрагата ги поврзува и со компанијата „Elysium Group“, која наводно овозможувала фалсификувани купувања на луксузни часовници и накит, преку кои фудбалерите прикривале долгови и правеле нелегални трансакции.

Во својот последен исказ, Фаџоли кој веќе беше суспендиран поради коцкање откри дека Влаховиќ, тогаш негов соиграч во Јувентус, му позајмил 100.000 евра.

„Во моментот кога ме повикаа на сослушување во Торино, должев меѓу 400.000 и 500.000 евра. Оттогаш, никој повеќе не ми се јави“, изјави Фаџоли.

Фаџоли ја отслужи суспензијата, беше на терапија поради зависност од коцкање и неодамна се врати на терените. Но, правната сага не завршува тука, истрагата продолжува, а се очекува нови обвиненија и судски постапки против организаторите и сите инволвирани, директно или индиректно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани