Душан Влаховиќ не брза да му каже ДА на Јувентус за продолжување на соработката, Србинот верува дека може да добие повеќе пари од Барселона или Баерн Минхен.
Пред неколку месеци се веруваше дека Душан Влаховиќ сигурно ќе го напушти Јувентус по крајот на сезоната, но изминативе недели двете страни ги обновија преговорите, „старата дама“ седна на маса со таткото на напаѓачот и дури се говореше дека двете страни се на добар пат да договорат нова соработка.
Сепак, последните информации велат дека Србинот го „дрибла“ Јувентус, останување во Торино му е само план Б, и ќе чека понуди од два европски гиганти.
Душан Влаховиќ и неговиот татко сметаат дека можат да излечат повеќе пари од Барселона или Баерн Минхен, па тие им се приоритет.
Во моментов понудата на Јувентус е плата околу 6-7 милиони евра по сезона, и останува да се види дали „старата дама“ ќе направи корекција, или пак ќе почне да крои други планови за офанзивата.